Хрватска ја совлада Србија со 32-22 во првото балканско дерби на Европското првенство. На синоќешниот дуел во „Спаладиум“ во Сплит, и покрај исвиркувањето на противничката химна, се мина во најдобар ред, што може да ги радува сите искрени љубители на спортот.
Избраниците на Лино Червар беа подобри на теренот, а Србите и покрај убедливиот пораз најдоа храброст да честитаат, но и да се заблагодарат што сепак имаа коректен прием. Го стори тоа ракометарот на Вардар, Мијајло Марсениќ.
„Навистина би сакал да им се заблагодарам на хрватските навивачи. Позитивно сум изненаден, беа многу коректни. На теренот, хрватскиот тим беше подобар, а ние шансата ќе ја бараме на следните натпревари. Искрено, правевме глупости. Игравме добар ракомет 25 минути, а потоа се распаднавме. Одбраната беше добра одреден период, но во нападот немавме решенија“, изјави Марсениќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА