ЕКИПА на ЕП во Загреб,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Ракометар со најмногу настапи во дресот на Словенија се уште е Ренато Вугринец. Тој и Урош Зорман имаат одиграно по 41 официјален натпревар за словенечката репрезентација, а Вугринец е и втор стрелец на вечната листа со 145 голови за националниот тим.
Интересно е што, Вугринец репрезентативната кариера ја почна во словенија, а ја заврши во дресот на Македонија. Пред пензионерските денови, Словенецот доби македонски пасош и настапи за македонската репрезентација на СП во Доха.
Македонија и Словенија досега имаат одиграно вкупно пет официјални меѓусебни средби, на кои Македонија има една, а Словенците четири победи. Од тоа, таа една победа на Македонија во мечот за 5.место на ЕП во Србија (28-27) е и единствен дуел што го одиграле овие две селекции на европските првенства. Од другите четири средби, две се во квалификации за ЕП, а две се на светските првенства (СП 2015 во Катар 30-28, СП 2016 Франција 29-22).
Од бројките и статистиките на ЕП, најубедливата победа на Македонија во петте досегашни настапи на континенталните шампионати е против Чешка на ЕП 2012 (27-21). Од Чешка го бележиме и најголемиот пораз на првото ЕП за Македонија во 1998 година во Италија (18-38).
Словенија досега има десет настапи на континенталните шампионати или двојно повеќе во однос на Македонија. Највисоката победа Словенците ја забележаа против Србија (27-20) на ЕП 2004 на кое беа домаќини. А, најголемиот пораз им е од Франција (21-36) на ЕП 2002 во Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА