ЕКИПА на ЕП во Загреб,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева
По синоќешната голема победа над Словенија, македонските ракометари денеска малку претпладневен одмор од селекторот Раул Гонзалес, па на христијанскиот празник Василица ја посетија македонската првославна црква во Загреб, „Света Злата Мегленска“…
Ракометарите следени и од голем број Македонци кои во моментов се во Загреб на Европското првенство, ја следеа и литургијата која по повод христијанскиот празник ја одржа Отец Пимен…
„Може да кажам дека вие ни подаривте чудо со натчовечките напори вчера да донесете радост за сите нас. Вие сте нашите апостоли, нашата светлина. Среќен сум што сте тука со нас. Во Загреб доаѓале голем број државници, лица од културата, бизнисмени, но ретко кој се одлучил да дојде во оваа црква. Вие сте тука со нас сега, и покрај бројните обврски, а јас може само да ви посакам и на следните натпревари да ја радувате Македонија“ – истакна отец Пимен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА