Стартот на европскиот шампионат донесе и низа проблеми за селекторите по повредите на дел од клучните ракометари. Хрватска најмалку за првиот дел од шампионатот остана без Домагој Дувњак, а групната фаза се покажа кобна и за Марко Вујин.
Десниот бек на Кил требаше да биде предводник на Србија заедно со Ненадиќ, но поради проблеми со грбот не можеше да го даде максимумот на првите две средби. Иако Србите се уште имаат шанси за пласман во следната рунда, сепак беше донесена одлука Вујин да ја напушти репрезентацијата и да се врати во Кил, а на негово место повикан е Никола Црноглавац од Констанца,
Со нов проблем се соочува и словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, кој остана без помошта на Ник Хенигман. Левиот бек се мачеше со повреда и пред ова ЕП, но настрада на вчерашниот тренинг и дефинитивно нема да може да настапи до крајот на шампионатот. Вујовиќ на негово место за дуелот со Германија во составот го вклучи Грегор Поточник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА