Ракометна Словенија тргна во војна со ЕХФ. Словенците ќе одат до крај, и ќе поднесат тужба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, како и граѓанска тужба во Стразбур за нанесена штета на државата и нарушување на угледот, затоа што, како што изјави директорот Урош Мохорич, веќе се надминати и границите на спортот.
„Ова е веќе многу сериозно. Ракометната федерација на Словенија утре претпладне ќе има Извршен одбор на кој ќе се решава за можното напуштање на Европското првенство. Мислам дека сериозно се загрозени нашите права како федерација, но и како држава воопшто. Знаеме какви би биле и последиците, дека можна е суспензија и на клубовите од Лигата на шампионите, но не се плашиме од ЕХФ, затоа што има повисоки инстанци во спортот, каде може да се добие правдата. Се подготвува тужба до Арбитражниот спорт во Лозана, но и граѓанска тужба до Судот за човекови права во Стразбур. Ова веќе ги надминува границите на спортот. Конечните одлуки ќе бидат познати утре, кога ќе заседава ИО на Ракометната федерација на Словенија“, изјави Урош Мохорич, директорот на националниот тим на Словенија за медиумите во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА