Шведска приреди сензација во Сплит и ја декласира Хрватска со 31-35, во последниот натпревар од А групата на ЕП. Овој пораз комплетно ги пореметува плановите на домаќинот на шампионатот, наместо со планираните четири, во втората фаза да пренесе само два бода, а Шведска продолжува како првопласирана со четири. Неочекуваниот триумф на Шведска комплетни ги измеша работите во сплитската група. Со ваквиот развој на настаните, пласман во следната фаза обезбедува Србија како третопласирана, а Исланд го завршува настапот на ова ЕП.
По доминацијата во првите два дуели со Србија и со Исланд, избраниците на Лино Черавр беа непрепознатливо инфериорни во денешниот меч. Освен минималното виодство на почетокот на натпреварот, Шведска комплетно ја имаше контролата и убедливата предност. Швеѓаните со фантастична серија од 6-0 поведоа со 5-9. Хрватите после тоа не успаја да се вратат во игра. Со непрепознатливо несигурна игра во одбраната и со очаен процент на двајцата голмани Иван Пешиќ и Иван Стевановиќ кои заедно имаа три одбрани во првото полувреме и уште толку во второто полувреме. На Лино Червар овој шат не му донесе резултат ни тактиката „7 на 6“. Репрезентацијата на Шведска функцираше беспрекорно во нападот. На полувремето Швеѓаните имаа предност од 12-17. А потоа во второто полувреме успеаја да ја сочуваат предноста и да стигнат до исклучително вредна победа која им ги отвора вратите за висок пласман на ова Европско првенство во Хрватска.
Албин Лагергрин со шест гола беше најефикасен во составот на Шведска, Андреас Паличка заврши со шест одбрани. Кај Хрватите прв стрелец беше Марко Копљар со пет гола, Стевановиќ запиша четири, а Пешиќ две одбрани.
Во следната фаза трите репрезентации од групата А (Шведска, Хрватска, Србија) вкрстуваат со трите од групата Б (Франција, Норвешка, Белорусија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА