ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Раул Гонзалес ја направи првата измена во составот на македонската репрезентација на ЕП во Хрватска. На денешниот натпревар против Германија, последен во групната фаза, во составот ќе биде дефанзивецот Велко Марковски, а отпаѓа Филип Лазаров кој пак беше еден од најзабележителните играчи во нападот со пет од пет на првите два меча со Словенија и со Црна Гора.
Причина за замената на Лазаров е повреда на мускулот на ногата на која се пожалил беков во текот на вчерашниот ден и ќе одмара за денешниот дуел.
Со приклучувањето на Велко Маркоски, Раул Гонзалес ја засилува одбраната. Измена во составот пред денешниот дуел со Македонија направи и селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, кој дополнително го повика корпулентниот дефанзивец на Мелсунген, Фин Лемке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

