ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева
Македонија во втората фаза од натпреварите на ЕП ја очекуваат пресметките со Шпанија, Чешка и Данска… Но, сега веќе и како сериозен кандидат, и во очите на противниците, за пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат.
Тоа добро го знае и селекторот на Данска, Николај Јакобсон според кого Македонија и македонскиот ракомет воопшто не се изненадување. Според Јакобсен, Македонија не го кажала последниот збор.
„Македонија досега не е некакво изненадување. Верувајте таа селекција има капацитет дури сега во Вараждин да биде вистинското изненадување. Затоа воопшто не треба никој со потценување да гледа на таа селекција“ – вели Јакобсен за данските медиуми.
Јакобсен е тренер и на нашиот Филип Талески во германскиот Рајн Некар Левен.
„Многу добро знам со какви ракометари располага Македонија. Погледнете како игра Талески, но за неговите квалитети не треба да се зборува. Лазаров е еден од најдобрите во светот, тука е Манасков а на голот е добро познатиот Борко Ристовски. Тој тим е сега и одлично воден од Раул Гонзалес, што ќе рече тоа е една веќе ракометна целина за високи дострели“ – вели Јакобсен.
Македонија и Данска во Вараждин ќе се соочат на 24. јануари од 18:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА