Силекс почна со тренинзи во Анталија, утре тест со Оренбург

Кратовскиот прволигаш Силекс од вчера се наоѓа во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Тренерот Жикица Тасевски паралелно работи со фудбалерите и на техничко-тактички план, но и на подобрување на физичките способности, со цел што е можно подобро подготвени да  го пречекаат пролетниот дел од шампионатот.

„Овде во Анталија имаме одлични услови за подготовки. Ќе ги искористиме максимално, и за воигрување на екипата, но и за проверка на формата на неколку пријателски натпревари“, вели за ЕКИПА од Анталија, Жикица Тасевски.

Утре кратовци, со почеток во 14 часот, ќе ја имаат и првата контрола, против рускиот второлигаш Оренбург. Овој тим се наоѓа на втората позиција во Втората лига на Русија.

Се вчитува...