Валверде и Чуамени може да добијат жестоки казни и суспензија

Реал Мадрид покрена вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени по инцидентот.

Целата приказна повеќе не се третира како едноставен конфликт меѓу соиграчите, туку како случај што ќе заврши со многу тешки казни за двајцата играчи.

Поради се, Реал Мадрид ангажираше посебно лице кое ќе го води случајот и ќе ги утврди сите околности на случајот. Во таква постапка, играчите ќе добијат официјално обвинение и можност да ја презентираат својата одбрана.

Доколку инцидентот се окарактеризира како сериозен прекршок, казната може да биде од три до десет натпревари суспензија. Доколку се прогласи за многу сериозен прекршок, и Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени ќе добијат забрана за играње од 11 до 20 натпревари. Покрај тоа, речиси сигурно ќе се соочат со дополнителна парична казна и суспензија на дел од нивната плата.

Во најлош случај, се споменува и раскинување на договорот. Во овој момент, прашањето не е дали ќе има казна, туку колкава ќе биде.

Се вчитува...