Прилепскиот прволигаш Победа успеа да доведе уште едно засилување во пресрет на стартот на пролетниот дел од првенството во Првата лига. Новото раководство одигледно дека не остава ништо на случајноста и сака да формира квалитетен состав за прволигашките искушенија. За таа цел доведен е Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, кој треба да ја засили офанзивната линија на тимот.
Бразилскиот интернационалец синоќа пристигна во Прилеп, го потпиша договорот со Победа, а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб.
Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, а трансферот успеа да се реализира пред истекот на зимскиот преоден рок. Откако се покажа во добро светло, одработи подготовки со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари, но не пронајде заеднички јазик околу условите, па се реши да ја прифати понудата на Победа. Се очекува со неговиот ангажман Победа да добие на инвентивност и квалитет во офанизивниот дел од тимот, оној препознатллив бразилски шмек на кој прилепчани во 90-тите години ги навикнаа покојниот Оливеира и Жилсон. Силва, кој е полушпиц, настапувал за Арсенал МГ и Униао Лусензе.
Победа исто така го доведе и Александар Исаевски, 23-годишниот фудбалер кој игра на левата странична позиција, а доаѓа од Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

