Името на Џејлен Браун повторно е во центарот на вниманието во НБА откако Бостон Селтикс беа елиминирани во првото коло од плејофот од Филаделфија 76.
Браун го привлече вниманието по поразот со изјави во кои дел од вината ја префрли на судењето, додека сезоната ја оцени како една од своите омилени, и покрај фактот дека Џејсон Тејтум пропушти голем дел од годината.
Иако и Браун и претседателот на Селтикс, Бред Стивенс, се обидуваат да ја смират ситуацијата, шпекулациите за можна размена се се погласни пред летниот преоден рок.
Според американските медиуми, еден извршен директор од Западната конференција верува дека Денвер Нагетс би биле идеална дестинација за Браун, пред сè поради можноста да игра покрај Никола Јокиќ.
Во замена во Бостон ќе мора да заминат Џамал Мареј и Кристијан Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
