Работнички го претстави Виктор Ангелов

Работнички го претстави Виктор Ангелов, македонскиот репрезентативен напаѓач Виктор Ангелов, кој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на „романтичарите“. Членот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година, доаѓа како позајмен играч од унгарскиот клуб Ујпешт. Тој потпиша договор со Работнички до крајот на сезоната.

Виктор Ангелов од 2011 до 2013 година беше член на Работнички, во еден период замина на позајмица во Тетекс, а потоа настапуваше и за Металург, од каде направи трансфер во унгарскиот прволигаш Ујпешт. По две сезони во Унгарија, Виктор Ангелов ја прифати понудата на Работнички во наредните шест месеци да настапува за клубот од Дебар Маало.

Се вчитува...