Промената на кормилото носи позитивна промена, нови мотиви, и најчесто – триумф. Го почувствува тоа и Победа на денешниот меч против Работнички, кој како домаќин го играше на стадионот „Младост“ во Струмица. На кормилото седна српскиот стратег Слободан Крчмаревиќ, кој го замени Бубања на клупата, и тоа резултираше со успех и три важни бода за прилепчани.
Победа до триумфот дојде во завршницата од дуелот, кога во листата на стрелците се запишаа Алтин Лога во 82.минута и Филип Најдовски во четвртата минута од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА