На мегдан во Гостивар, Шкупи брка излез на европската сцена а Скопје – опстанок

Во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига од 14 часот Шкупи и Скопје ќе се соочат во Гостивар.

Поради несоодветните услови за игра на стадионот во Чаир, Шкупи ќе биде домаќин во Гостивар на тимот на Скопје во и тоа како значаен дуел и за двете екипи. Триумфот за Шкупи значи приклучок во трката за третото место на табелата кое носи европски излез, додека за Скопје приклучок во битката за опстанок во лигата.

„Знаеме дека овој меч е важен за нас. А, никако не смееме да го потцениме тимот на Скопје кој оваа пролет игра одлично. Свесни сме дека ќе биде тежок натпревар, посебно и затоа што не играме пред нашите навивачи но подготвени сме со максимален ангажман да дојдеме до бодовите“ – вели фудбалерот од средниот ред на Шкупи, Муарем Бајрами.

Шкупи во моментов со 29 бода е на 4. место на табелата, со седум бода заостанување зад третопласираниот Силекс кој вчера загуби од Шкендија. Скопје, пак, со 17 бода е на последната позиција со 5 бода заостанување зад Пелистер, а осум бода зад Победа.

ПМФЛ – 24. коло (денеска, 14 ч.)

Гостивар: ШКУПИ – СКОПЈЕ

ВЧЕРА

ВАРДАР – РЕНОВА 1-0

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-0

АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 1-1

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-0

Се вчитува...