Одложен е натпреварот меѓу Шкупи и Пелистер од 26. коло во ПМФЛ кој попладнево требаше да се игра на Чаир.
ФФМ го одложи мечот поради неочекувано труење со храна на фудбалерите на Пелистер кои на пат за Скопје принудно се хоспитализирани во велешката болница. Состојбата на сите фудбалери е добра, но се на инфузија заради побрзо заздравување.
На Чаир, пак, пристигнаа фудбалерите на домашните кои воопшто не се појавија на терен по информациите за одложување на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА