Ренова стигна до значајна победа од 2-1 против Работнички во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига со која ја продолжува трката за четвртата позиција на табелата кое носи надеж за Европа во следната сезона.
Драматичен натпревар одиграа двете екипи во кој „романтичарите“, по водството на домашните со голот на Лукас уште од 11. минута, дојдоа до посакуваното израмнување преку Шаркоски во 88. минута…
И, кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите… Во 92. минута по една огромно невнимание во одбраната на Работнички, Влатко Стојановски донесе голема победа за „гипсарите“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА