Битка за опстанок. Вода до колена, тежок терен, ама и огромна желба кај домашните фудбалери да се избегне пораз. Шкупи поведе многу рано, со голот на Ален Јашароски во седмата минута, но избраниците на Љупчо Марковски не се предаваа.
На крајот, успеаја да стигнат до реми, со погодокот на Филип Петковски во 89.минута од средбата. И сега Скопје не е веќе последен на табелата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



















