ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички со голема победа за Европа, Пелистер го победи Вардар….(ФОТО)

ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО

Турново: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Гофри 86′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (3-1)

Радески 2′, Емини 48′, Алими 88′ – Демир 13′

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (3-0)

Стојкоски 31′, Илијоски 86′, Адем 89′

Струмица: ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

Даноски 49′

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-3)

Барсегјан 8′, Блажевски 60′(п) – Трифуновски 13′(п), Коњарски 69′, Наумоски 90′

Standings provided by Sofascore LiveScore

=================================================================================================

  • КРАЈ И ВО ТУРНОВО. Голема победа на Работнички против Академија Пандев во трката за Европа!
  • Крај на натпреварите во Тетово и во Скопје. Пелистер го победи Вардар на „Филип Втори“, Шкупи убедлив со Ренова…

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-3)

2-3 – 90′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со погодокот на Наумоски, Пелистер доаѓа до предност на „Филип Втори“

 АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-1)
0-1 – 86′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Ангелов нафрли од десната страна, следеше шут на Кире Маркоски кој беше блокиран, а на крајот топката дојде до Чарлс Гофри кој ја смести во мрежата од непосредна близина

ШКУПИ – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 86′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од левата страна, Илијоски со глава за водство од 2-0

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

76′ – Јани Атанасов шутира директно од слободен удар од 25 метри, но Божиновски брани

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

74′ – 100% шанса за Шкупи. Баже Илијоски изби сам пред голот на Ренова, но брани гостинскиот голман

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

!!! – 70′ – И Победа промашува удар од белата точка! Брани Милан Митровиќ!

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-2)

2-2 – 69′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Благојче Коњарски носи израмнување на дуелот на „Филип Втори“!

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

!!! – 66′ – Силекс не реализира пенал! Игра со рака на домашните дефанзивци и оправдано досуден удар од белата точка, кој не го реализира Пановски

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

62′ – Голема шанса за Ренова. Нафиу одлично го проигра Влатко Стојановски кој сам изби пред голот на домашните, шутираше од прва од 16 метри но брани Зендели

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

!!!! – 62′ – Втор жолт картон за Чешмеџиев, и исклучување за дефанзивецот на домашните!

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 60′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Дејан Блажевски со удар од белата точка носи повторно водство за Вардар.

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Зоран Даноски добива одлична топка на 15 метри, шутира ниско по земја за водство на прилепчани

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (2-1)

2-1 – 48′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Изаир Емини, тетовци повторно до предност

СТАРТ НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Крај на првиот дел и на останатите три натпревари…

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

44′ – Одличен шут на Илијоски откосо од 15 метри, но брани гостинскиот голман

  • Крај на првото полувреме во Тетово и на „Филип Втори“… Шкендија – Скопје (1-1), Вардар – Пелистер (1-1)!

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

37′ – Силен дожд во Турново кој ја отежнува можноста за квалитетно издание на двете страни. Без многу шанси, резултатот без промени

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 31′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлично пред голот на гостите Илијоски запре топка, го проигра Стојкоски кој од 12 метри прецизно шутира за водство на домашните

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

25′ – Одлична шанса за домашните. Атанасковски се најде во супер позиција, шутираше откосо од лево но гредата го спаси голот на Работнички.

ШКУПИ – РЕНОВА (0-0)

25′ – Нов одличен обид на Адем, сега од 20 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Ренова

ШКУПИ – РЕНОВА (0-0)

19′ – Одличен шут на Адем од 18 метри, но топката зафаќа од дефанзивците на Ренова и за малку завршува над гредата од голот на гостите

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 13′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Пенал за гостите, кој успешно го реализира Иве Трифуновски за израмнување на резултатот

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (1-1)

1-1 – 13′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Убава акција на гостите која со гол ја крунисува младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 8′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Со погодокот на Тигран Барсегјан, Вардар брзо доаѓа до предност на „Филип Втори“

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 2′ – ГООООООЛ за Шкендија. Марјан Радески носи водство за Шкендија уште на самиот старт од натпреварот. Тој со удар од десетина метри успеа да ја затресе мрежата на Скопје.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ…
  • Централните погледи од денешните натпревари во 34. коло во ПМФЛ се насочени кон Турново и на Чаир каде ќе се води битката за Европа
  • Победа, Скопје и Пелистер, пак, ја активираат последната надеж за избегнување на преселба во Втората лига. Две екипи ќе испаднат, а за една постои надеж преку баражот за опстанок!

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 34. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за европски излез и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...