Шкупи во финишот на сезоната фаќа сериозен приклучок во битката за третата и четвртата позиција на табелата во Првата лига кои може да носат во квалификациите од Лигата на Европа.
Во 34. коло, Шкупи на Чаир славеше убедливо со 3-0 против Ренова… Гол-серијата ја отвори Стојкоски со погодок во првото полувреме…
А, потоа во самиот финиш, Баже Илијоски во 86. минута зголеми на 2-0…
За да конечната победа од 3-0 ја заокружи Адем во 89. минута!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

