Работнички сосема заслужено и за новата сезона си обезбеди за себе европски излез, во квалификациите на Лигата на Европа.
До третата позиција во Првата македонска фудбалска лига која води во Европа, избраниците на Ѓоре Јовановски дојдоа со триумфот од 3-2 против Скопје. „Романтичарите“ не дојдоа по посакуваниот лесен пат до денешниот триумф, постојано бркајќи ја предноста на гостите.
Скопје дојде до водство со извонредниот гол на младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир во 39. минута…
Но, израмни уште еден младински репрезентативец, Петар Петковски во 45. минута…
Во второто полувреме Скопје повторно дојде до предност со голот на Кофи Досех во 63. минута, За да потоа на сцена стапи Христијан Кировски најпрво израмнувајќи во 66. минута…
А, потоа во 82. минута и со гол од пенал донесувајќи победа од 3-2…
За пат на Работнички кон Европа ова лето, заедно со Шкендија и Вардар, а во очекување и на разврската од финалето во Купот на Македонија кој ќе го одреди последниот македонски претставник во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА