Диме Димов го обнови договорот со Академија Пандев

Дефанзивецот на Академија Пандев, Диме Димов, ќе остане во редовите на овој струмички прволигаш и во наредниот период. Тој ја прифати понудата на раководството за обновување на договорот со клубот и ќе настапува за „пандевци“ и следната сезона.

Стратегијата на Академија Пандев е да ги задржи во својот состав младите и талентирани фудбалери. Голем интерес има за младинскиот репрезентативец Јани Атанасов. Од македонските клубови во редот се Шкендија, Вардар и Работнички, тој има понуда и од Партизан и од Алтах, но засега се уште е дел од тимот на Академија Пандев.

 

Се вчитува...