Силекс и Жикица Тасевски ја продолжија соработката за наредната сезона. Иако на кратовци во последен момент им се „лизна“ настапот во Лигата на Европа, сепак, раковосдството на клубот е задоволно од работата на Тасевски, а стратегот ја прифати понудата и се согласи на нова едногодишна верност со овој прволигаш.
„Се договоривме за нова едногодишна соработка со раководството на Силекс. Тоа е клуб со големо реноме, и насоките се да продолжиме со квалитетна работа и да формираме силна екипа која ќе конкурира за највисок пласман во следниот шампионат. Ги анализиравме и натпреварите од минатата сезона, ги увидовме добрите работи и грешките, и ќе се потрудиме да бидеме уште подобри следната натпреварувачка сезона“, вели за ЕКИПА, Жикица Тасевски.
Силекс го заврши шампионатот на Македонија на петтата позиција, и во последното коло отпадна од трката за пласман во квалификациите за Лигата на Европа, иако долго време беше на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА