Трансфер бомба се подготвува во Тетово. Долго се најавуваше доаѓањето на поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими во Шкендија, а тоа ќе се реализира во овој летен преоден рок. Офанзивниот играч за врска треба да биде едно од најголемите засилувања на Шкендија за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Агим Ибраими изминатата сезона ја одигра во Домжале, и се врати во препознатливата форма, со која своевремено настапуваше во дресот на Марибор. Потоа замина во Астана, каде имаше пех и заработи скршеница на ногата.
Ибраими е во зрели фудбалски години и ќе биде големо засилување за Шкендија, а најверојатно и замена за капитенот Ферхан Хасани кој е пред трансфер во Турција.
Шкендија досега ангажира две засилувања ова лето, Ремзифаик Селмани и Константин Чешмеџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА