Македонскиот прволигаш Силекс го доведе и третото засилување во овој летен преоден рок. Во Кратово пристигна српскиот голман Спасоје Стефановиќ кој во изминатите шест месеци го бранеше голот на Скопје и остави одличен впечаток. Тој ќе го наследи Милан Митровиќ кој го напушти Силекс.
Спасоје Стефановиќ ќе биде дел од голманскиот тандем на кратовскиот тим заедно со младинскиот репрезентативец Благојче Иванов, а нова средина ќе си побара и Горан Трајковски.
Во Кратово претходно пристигнаа левиот бек на Пелистер, Филип Миленковски, и напаѓачот на Шкупи, Емануел Мбела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

