Таткото на Хабиб: Конор, дојди да се дружиме во Дагестан

Со месеци наназад важеа за „смртни непријатели“, предизвикаа тотален хаос по борбата во Лас Вегас, но сега лесно може да се случи Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор да станат дури и пријатели. Иницијативата доаѓа од таткото Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, кој во изминатиот период во неколку наврати се препукуваше преку медиумите со Ирецот, но реши да ги „закопа воените секири“ и го повика Мекгрегор да го посети неговото семејство во Дагестан.

„Организираме турнир во Самбо во месец декември. Тоа ќе биде братско дружење со 18 членови на семејството Нурмагомедов и Конор е добредојден да ни се придружи. Имавме свои недоразбирања, но јас веќе реков дека му простив, важно е да се биде љубезен. Ако ја прифати понудата, тој ќе види што значи гостопримство во Дагестан“ – изјави таткото на новиот УФЦ шампион.

На потег е Конор Мекгрегор, кој во следниот период ќе треба да се изјасни дали ќе биде гостин на Хабиб, неговиот татко, но и членовите на семејството  Нурмагомедов од кои беше претепан по борбата во Лас Вегас.

Се вчитува...