Американската тенисерка Слоун Стивенс ја оствари и втората победа на завршниот ВТА турнир во Сингапур на кој настапуваат најдобрите осум тенисерки во светот. Таа ја совлада Кики Бертенс со 2-1 во сетови и стигна на чекор до пласман во полуфиналето.
Стивенс го доби првиот сет во тај-брејк, на поени со 7-4, а Холанѓанката Бертенс заигра многу подобро во вториот. Успеа да слави со 6-2 во гемови и отвори трето поглавје во оваа пресметка. Сепак, Слоун Стивенс беше подобра во решавачкиот сет и успеа да го комплетира со 6-3 во гемови, по што се наоѓа на првото место на табелата во „црвената група“.
Претходно, Анжелик Кербер стигна до прв триумф во оваа група, славејќи против јапонската тенисерка Наоми Осака со 2-1 во сетови (6-4, 5-7, 6-4).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА