Најпопуларната ММА организација на светот УФЦ добива извонредни вести. Еден од најдобрите тешкаши на сите времиња, Каин Веласкез е подготвен да се врати во октагонот за нови битки.
Веласкез поради серија повреди беше на привремена пауза. Нема борба од јули 2016 година кога го нокаутираше Тревис Браун, но сега се е подготвено за враќање на 36-годишниот крал на тешката категорија.
„Каин е подготвен на борба. Без проблеми тренира и може да се бори. Се е прашање само на договор со УФЦ кој ќе мора да му понуди вистински услови“ – вели Томсон, пријателот и менаџерот на Каин, според кого нема многу борци во УФЦ кои може да му парираат на неговиот пулен.
„Нема такви кои може да парираат. Единствен во УФЦ кој може да му парира на Каин е Стипе Миочиќ. Но, сигурно нема да се бори со него затоа што се големи пријатели“.
Во ММА кариерата Каин досега доживеал само два порази, наспроти 14 победи. Успеале да го победат Жуниор Дос Сантош и Фабрицио Вердум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА