Во 14. финале во родниот Базел, Роџер Федерер ја освои деветтата титула на турирот во швајцарскиот град, откако во битката за трофејот со 2-0 во сетови го победи Мариус Копил.
Романецот, 93. на АТП листата, беше квалитетен противник во воведниот сет од финалната пресметка кој Федерер го доби дури по тај-брејкот. Во вториот сет, Федерер се врати од негатива од 3-0 за да го добие сетот со 6-4.
За Федерер ова е четврта титула годинава, а 99. АТП трофеј во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА