Македонска Каменица станува дел од големиот проект на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, каде вчера беше поставена 15-тата, јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во употреба новото место за дружење и рекреација за жителите.
„Со отворањето на 15-тата ‘Coca-Cola Активна зона’ во Македонска Каменица, го продолжуваме нашиот проект за промоција на вистинските општествени вредности, за кој ние во Пивара Скопје цврсто веруваме дека значајно придонесува кон добросостојбата на сите граѓани, од сите општествени категории. Во рамките на тригодишниот проект и преку 15-те зони, создадовме 1500 м2 површина каде илјадници граѓани можат да се рекреираат и дружат; креиравме тло каде се стекнуваат нови познанства и се негуваат старите, место за инклузија каде и младите и старите, и рекреативците и професионалците можат да поминуваат квалитетно време и бесплатно да ги ползуваат придобивките кои овие зони ги нудат. Токму затоа, Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, впрочем како и досега, ќе продолжат со реализација на проекти од поширок општествен интерес и контекст и за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.
За придобивките и значењето на новата „Coca-Cola Активна зона“ за жителите на Македонска Каменица, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, говореше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.
„Македонска Каменица има долгогодишна соработка со Пивара Скопје и компанијата “Coca-Cola”, па оттука, навистина сме благодарни што таа се крунисува со ваков значаен проект. Задоволството е уште поголемо што Пивара Скопје и ‘Coca-Cola’ компанијата ја препознаа нашата oпштина како партнер и ги пресретнаа барањата на моите сограѓани за поставување на Активна зона токму во Македонска Каменица, бидејќи за нас како Општина е навистина важно да понудиме содржини за граѓаните кои на долг рок позитивно ќе влијаат врз културата на живеење. Убедена сум дека ова место ќе биде едно од најпосетуваните места во нашата општина и дека граѓаните ќе се грижат за него и свесно и совесно ќе постапуваат со него‘‘.
Проектот „Coca-Cola Активни зони“ започна во 2016 година и претставува дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Во рамките на проектот, досега беа донирани 14 Активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци, Битола и Радовиш. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.
Комерцијален текст |