Промовирајќи ги и поддржувајќи ги постојано и спортско-рекреативните активности на своите вработени, од Охридска банка потенцираат дека се горди на своите две колешки Ивана Магденоска и Јована Аполеска кои изминатиов викенд го освоија врвот Солунска глава, на планината Јакупица.
Како дел од планинарската експедиција, а во рамките на турата во чест на ослободувањето на град Велес, Магденоска и Аполеска стигнаа до врвот кој се наоѓа на 2.540 метри надморска висина. Вкупната должина на патеката изнесуваше 17 километри.
Ивана и Јована препорачуваат да се посети овој планински врв, зашто како што велат, неповторливата глетка засекогаш ќе остане во вашите сеќавања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА