Роџер Федерер во досегашната кариера има дури 99 титули на АТП турнирите, од кои 20 грандслем трофеи.
Подготвувајќи се за завршниот турнир во Лондон, каде ќе игра во групата „Лејтон Хјуит“ а ривали ќе му бидат Кевин Андерсон, Доминик Тим и Кеи Нишикори, Федерер се потсетува и на досегашната кариера. Па, ги издвои за себе најдрагите три освоени титули.
„Ролан Гарос од 2009 година дефинитивно е еден од тие трофеи. Секако и Вимблдон 2007 година затоа што тоа беше моја петта едноподруго титула. Исто така и Вимблдон 2009 година против Родик затоа што тогаш го срушив рекордот по бројот на грандслем титули. Тие два последни меча беа неверојатни, а тогаш сите мои идоли беа на трибините, меѓу нив и Борг и Сампрас. Беше тензично, но на крајот одлично се заврши“ – вели Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА