ММА светот се уште со неверување гледа на главната борба со која УФЦ во Денвер прослави 25 години од своето постоење. Нокдаунот со лакт без гледање во последната секунда од 25-минутната борба со кој Мексиканецот Хаир Родригез го реши Кореецот Чанг Сунг Јанг многумина ја прогласија за најдобар прекин во историјата на УФЦ.
Мексиканецот по повеќе од една година се врати во рингот и губеше во борбата со 1-4, по рунди. Но, секунда пред крајот се снајде со извонреден нокдаун.
„Најлудиот прекин во историјата. Требаше да издржи само уште една секунда. Но, ете… Каков финиш“ – коментираше и претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
HOW DO YOU LAND THIS?!?!?!?! OH MY @PanteraUFC!!! #UFCDenver pic.twitter.com/CJx9dMpg0h
— UFC (@ufc) November 11, 2018
А, пред нокаутот имаше беспоштедна борба. За да дојде клучниот момент на крајот со кој Мексиканецот заработи 100.000 долари, како награда за најдобра борба и најдобра изведба. Родригез има 11 победи во 13 професионални мечеви. Сунг, пак, го запиша својот петти пораз, а има и 14 победи досега во кариерата.
Интересно, и двајцата по тешката борба завршија во болница во Денвер.
1 second left… No better way to go out on the 25th Anniversary! pic.twitter.com/aGg1Z0bAeO
— FOX Sports: UFC (@UFCONFOX) November 11, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА