Женската репрезентација на Исланд рутински славеше над Турција со 36-23, како загревање за утрешниот клучен натпревар од квалификацискиот турнир во Скопје против селекцијата на Македонија.
Брзата игра им овозможи на исландските ракометарки да доминираат на денешниот дуел, по 30 минути игра резултатот гласеше 18-14, за во вторите 30 минути Турчинките да не можат да го издржат темпото, па мечот да заврши со двоцифрена разлика.
Македонија и Исланд се главни конкуренти за првото место во групата, а решавачки ќе биде нивниот меѓусебен дуел во СЦ „Борис Трајковски“ што ќе се игра со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА