Стив Кер и во следната сезона ќе продолжи да го води тимот на Голден стејт откако најде заеднички јазик за продолжување на соработката со „воините“.
Неговата иднина за момент беше доведена во прашање по променливите резултати во текот на оваа сезона, која заврши со пораз од Феникс во плејин доигрувањето. Сепак, на крајот беше донесена одлука соработката да продолжи, а Кер ја прифати понудата за нов тригодишен договор за плата од 17,5 милиони долари по сезона, со што останува најплатен тренер во историјата на НБА-лигата.
Стив Кер е на чело на Голден стејт вориорс од 2014 година, а во изминатиот период создаде моќен тим со кој освои четири шампионски титули.
Воедно, Голден Стејт под негово водство во сезоната 2015/16 го постави рекордот за дури 73 победи во регуларниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
