Познатиот канадски боксер Адонис Стивенсон (41) се наоѓа во критична состојба после тешкиот нокаут што го доживеа во синоќешниот меч со Украинецот Олександар Гвождик.
Стивенсон беше брутално нокаутиран од украинскиот боксер во 11 рунда од мечот во кој ја бранеше ВБЦ титулата во полутешка категорија.
После ударот кандскиот боксер загуби свест и итно беше префрлен во болница и лекарите се борат за неговиот живот,
„Адонис е на интензивна нега и моментно се бори за живот“ – соопшти неговиот промотер, Ивоин Мичел.
Во моментот на прекин, Стивенсон имаше предност кај судиите, а ова му беше десета одбрана на титулата.
And back comes Gvozdyk in the 11th to close the show and ice Stevenson. Gvozdyk wins by KO in round 11. Good finisher. pic.twitter.com/hNiYQlNmJ7
— Joey Oddessa ?? (@MMAOdds) December 2, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА