Најдобрата романска ракометарка, Кристина Неагу (30) на ЕП во Франција испиша нови страници во ракометната историја. Неагу сега е најефикасната ракометарка во историјата на европските првенства.
Петтиот погодок на Неагу за Романија на дуелот против Германија (29-24), беше вкупно нејзин 206-ти гол во кариерата на ЕП со кој ја надмина легендарната Унгарка Агнес Фаркаш која има 205, но и големите имиња како Грит Јурак (194) и Лин Кристин Ригелут (190).
Ова нема да биде конечната бројка зад името на Неагу која има уште неколку натпревари со репрезентацијата на Романија на актуелното ЕП во Франција, а сигурно ќе има и други настапи на наредните ЕП.
„Се разбира горда сум на ова достигнување, но за време на натпреварот јас не размислувам за тоа, размислувам само на победа. Најважно е е да играме добро како тим, за медал и признанија ќе размислуваме подоцна“ – изјави Неагу.
Кристина Неагу досега трипати е избрана за најдобра ракометарка во светот во изборот на ИХФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА