Деонте Вајлдер ја отфрли можноста во блиска иднина да влезе во ринг со Ентони Џошуа, во дуел што би го дал новиот апсолутен боксерски шампион. Џошуа не криеше дека го очекува победникот од борбата меѓу Вајлдер и Фјури за да се пресметка со подобриот од овие двајца врвни боксери, но откако нивната пресметка заврши без победник, Вајлдер сака да му даде нова шанса на Британецот.
„Нема да има борба со Џошуа, барем не во следните неколку месеци. Тајсон Фјури заслужува реванш, тоа е единствената работа што треба да се направи. Тој беше на колена, само Господ знае како успеа да стане по оној нокдаун во последната рунда. Сепак, Тајсон се врати од пеколот, боксуваше одлично и даде свој придонес за заедно да ја вратиме популарноста на боксот. Некои мислат дека тој заслужил да победи, јас лично мислам дека јас требаше да триумфирам. Тоа е најмалку важно во моментов, судиската одлука е она што се брои, но за мене нема дилема – сакам и следната борба да ми биде со Тајсон Фјури“ – истакна Вајлдер.
Според првичните информации, преговорите се однесуваат на втора мега-пресметка во месец мај или најдоцна во јуни, а големи се шансите оваа борба да се одржи во Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА