Мареј преку заштитениот ранкинг до Австралија опен

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го искористи заштитеното второ место на АТП ранкингот за да учествува на грен-слемот Австралија Опен. По операцијата на колкот, Мареј одигра само седум меча и 2018 ја заврши на 259 место на листата.

Трикратниот грен-слем шампион нема одиграно ниту еден меч уште од поразот од Фернандо Вердаско во Кина во семптември. Заштитениот ранкинг му овозможува учество на девет турнири од моментот на враќање во јуни годинава. Тој има право на учество, но нема да има носителски статус на првиот од четирите најголеми турнири во 2019 година.

 

 

Се вчитува...