Кире Лазаров и Нант забележаа нова победа во францускиот шампионат, на гостински терен против Ним со 25-30, со што актуелниот европски вицепрвак се задржа на првото место во домашното првенство.
Ним сезонава игра одлично и во ова дерби влезе со само еден бод заостанување зад Нант, но тимот на Лазаров со беспрекорно издание во второто полувреме успеа да стигне до заслужена победа. Македонскиот интернационалец не беше на вообичаеното ниво и го заврши натпреварот со само еден гол од вкупно два упатени шута.
Најефикасни во таборот на Нант беа крилата Балагер со шест и Ривера со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА