Ракометарките на Франција беа апсолутно супериорни во дуелот со Данска и славеа победа со 29-23, во првиот натпревар од главната фаза на ЕП на кое се домаќини.
Данските ракометарки само на почетокот имаа водство од 1-2 гола. Франција потоа го засили темпото, направи серија од 4-0, поведе со 7-4 и до крај го диктираше темпото. По првите 30 минути, избраничките на слеекторот Оливие Крумболц имаа солидни +6 (17-11).
Во продолжението од мечот, продолжи и доминантната игра на Французинките кои на среднината од вториот дел стигнаа и до девет гола предност (15-24) и останаа во главна улога на теренот до крај на мечот.
Со овој триумф, Франција избива на втората позиција со четири бода, а Данска останува во долниот дел со една победа и два порази.
Во вториот денешен меч играат Шведска и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА