Поради протестите во Франција одложени мечевите од ЕП во Нант

Поради политичките протести во Франција и планираните демонстрации во близина на ХХЛ Арената во Нант, одложени се сите утрешни натпревари во Групата 1 на Европското првенство во Франција.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со Организицискиот комитет на на шампионатот, информира дека натпреварите на ЕП,  од безбедносни прични ќе бидат презакажани за наредниот ден.

Нант е домаќин на една од двете групи од главната фаза на ЕП во која играат Франција, Русија, Србија, Шведска, Црна Гора и Данска.

Во втората група од главната фаза, во Нанси, настапуваат Романија, Холандија, Унгарија, Германија, Шпанија и Норвешка.

Се вчитува...