Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои седмото место на Европското Првенство во стрелаштво што се одржа во Белград.
На овој шампионат имаше над 100 спортисти од 27 различни држави, а останува да се жали што Македонката не стигна до медал. Имено, таа се пласираше во финалето со трет најдобар резултат (559 кругови), но потоа имаше нешто послаби стрелби и на крајот падна на седмата позиција.
Александар Јовановски забележа личен рекорд од 550 кругови и го освои 13. место во конкуренција на 26 натпреварувачи, а Ванчо Каранфилов со 546 кругови беше седумнаесетти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА