Сега е лесно да се даваат комплименти за квалитетите на Лука Дончиќ, откако Словенецот за само две-три години се промовираше како мегаѕвезда на европската, а сега за неколку месеци и на американската кошаркарска сцена.
„Магијата“ е во тоа да знаеш да го забележиш талентот што го гледаш пред себе, но и тоа е личен квалитет што го нема секој. Така на пример, челниците на турскиот прволигаш Галатасарај од сегашна перспектива дефинитивно имаат за што да жалат бидејќи им била укажана можност да го потишат Лука на 13-годишна возраст, но не го сториле тоа.
„Луѓето од Галатасарај ми беа пријатели и решив прво таму да го однсам Лука, синот на мојот пријател Саша, кој и во тоа време делуваше како голем талент. Добив нечекуван одговор: „Па што ние да правиме со ова детиште“, па ми потенцираа дека не бил толку добар колку што сум го фалел. А јас знаев колку е силен, кога го гледав како се бори со својот татко во базенот, дете од 13 години крева човек од 204 сантиметри и над 100 килограми и го фрла во базен“ – открива Мирко Миличевиќ, кој беше задолжен за кариерата на Дончиќ при неговите кошаркарски почетоци.
Се останато е историја, нешто подоцна Миличевиќ го испраќа Лука во Реал Мадрид, од каде по освоената европска круна Словенецот заминува во НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

