Квотербекот на Њу Ингланд, Том Брејди, постави нов рекорд на НФЛ лигата, стана најдобриот тачдаун додавач во историјата. 41-годишниот Брејди го надмина рекордот на Пејтон Менинг од 579 откако во поразот од Мајами со три прецизни додавања дојде до бројката од 582.
Во рекордот се бројат тачдауните и од регуларниот дел и во пост-сезоната.
Петкратниот Супербоул освојувач ги држи и рекордите за најмногу добиени натпревари за играч на неговата позиција (232), а тој е и квотербекот со најмногу појавувања на Супербоул (осум).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА