Вардар славеше победа против Татран Прешов со 23-21 во последниот натпревар во 2018 година на домашен терен. За „црвено-црните“ ова е 10.победа со која се зацврстуваат на лидерската позција на табелата во регионалната СЕХА лига. Ова е втора победа на вардарци против словачкиот првак во оваа сезона. На првиот меч во Прешов, Вардар победи со 26-17, а својата супериорност во регионалното натпреварување ја потврди и во денешниот меч.
По првото полувреме Вардар имаше минимална предност (10-9), а потоа успеа да дојде до очекуван триумф на домашен терен.
Најефикасни во составот на Вардар беа Игор Карачиќ со шест гола, Стоилов, Чупиќ и Дисингер додадоа по три.
Пред зимската пауза резервирана за репрезентативните активности, на Вардар му преостанува уште гостувањето во Букурешт против Стеауа на 17 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА