Руски проектил од 106 километри на час во женскиот ракомет (видео)

Русија и Романија излегоа на мегдан во првото полуфинале од ЕП во ракомет за жени, меч на кој Ана Сен постави рекорд за најсилен шут на шампионатот.

Руската репрезентативка испрати проектил кон романскиот гол, шут при кој беше измерена брзина од огромни 106 километри на час, најсилен обид на ова европско првенство. Голманката Деду ја имаше топката на дланка, но со таа брзина, јасно е зошто сепак не успеа да ја запре.

 

 

Се вчитува...