Вардар и со комбиниран состав не мораше воопшто да се мачи за победата од 34-30 против романскиот дебитант во регионалното натпреварување, Стеауа во завршното коло од есенскиот дел. Бранителот на трофејот немаше речиси никаков отпор од немотивираниот домаќин и побегна на победничка дистанца уште многу рано во натпреварот.
Веќе пред 10.минута, Вардар имаше опиплива предност од пет гола, до крајот на полувремеот отиде на плус 11. Вториот дел беше и повеќе од формалност по што вардар додје до 11 победа во сезоната.
Во неа Мартин Поповски псотигна 10 гола, Дмитриј Кисељев имаше девет, Игор Карачиќ постигна четри. Вардар и во Скопје забележа убедлива победа против Стеауа на првиот сезонски дуел.
Вардар со ефект од 11/2 е на лидер на табелата во регионалното натпреварување, идентичен биланс многу извесно ќе има и хрватскиот загреб кој денеска се среќава со Војводина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА