ВТОРА ЛИГА: Новаци ја победи Беласица

Екипата на Новаци ја победи Беласица со 1-0 во последниот денешен натпревар од 28. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Претходно, бурен дерби натпревар одиграа Брегалница и Шкендија Арачиново, кој на крај заврши без победник, 1-1.

Резултат кој многу повеќе им одгововара на штипјани кои го зачуваа врвот на табелата пред последните две кола од првенството.

По ова реми на арачиновци, сега надеж за бараж има и Охрид кој славеше против Големо Коњари со 3-0.

А, Скопје триумфираше со 0-1 на гостувањето против Тетекс.

ВТОРА ЛИГА – 28. КОЛО

Брегалница – Шкендија Арачиново 1-1

Охрид – Големо Коњари 3-0

Тетекс – Скопје 0-1

Каменица Саса – Слога Виница 1-0

Вардар Неготино – Осогово 0-4

Кожуф – Победа 8-0

Преспа – Детони Плачковица 0-3

Новаци – Беласица 1-0

Се вчитува...