Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале во Доха

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Доха, откако со многу мака го победи Николоз Басилашвили со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-4).

Првиот светски рекет на почетокот од мечот играше многу нервозно и деконцентрирано, Грузиецот успеа да ја искористи таа позиција, направи два брејка и го доби првиот сет со 6-4.

Но, потоа Ѓоковиќ заигра многу подобро во решавачките моменти. Уште на стартот од вториот сет освои брејк и потоа ја сочува предност и го заврши вториот сет со 6-3. Исклучително неизвесно беше во третиот сет кој Ѓоковиќ одново го отвори со брејк, но Басилашвили брзо возврати. Сепак, Ѓоковиќ беше многу попрецизен во завршницата и го освои и овој сет и ја потврди победата што го носи во полуфиналето во Доха.
За пласман во финале , Ѓоковиќ ќе игра со Роберто Батиста Агит кој во четвртфиналето беше поуспешен од Стан Вавринка со 6-4, 6-4.

 

Се вчитува...